„Позитивни негативно“ – нова песна на Мето Ди Флеш: „Повеќе да се сакаме, почитуваме и вистински да бидеме позитивни, а негативни на ковид тест“

Песната „Позитивни негативно“ е четвртата авторска песна на Методи Поповски, познат како Мето Ди Флеш, која исто така доаѓа со видео запис.
Придружните вокали се на Марија Мечкароска и Анастасија Поповска, а интересна е и он-лајн соработката со повеќе музичари од целиот свет.
Песната е напишана, како што вели тој, во еден здив. Мето пее за актуелното време кое го живееме, пандемијата која наместо да нè зближи – нè раздели еден од друг.
„Луѓето кои се занимаваат со музика и уметност се и беа најпогодените од новонастанатата состојба. Нема ништо полошо од тоа некој да ти забрани да го работиш тоа што го сакаш и тоа што те прави среќен“, вели Методи за Точка.
„Новото ‘нормално’ ништо добро не нѝ донесе, напротив, како сè повеќе луѓето да сме спротивставени меѓу себе. Повеќе да се сакаме, почитуваме и вистински да бидеме позитивни, а негативни на ковид тест“, додава пејачот.
За видеото да изгледа светски се погрижил Мухамед Манте.
„Го нацрта Њујорк, поштено се изнаработи, па од видео студиото Флеш на Самир директно ме стави во центарот на светот“ заклучува Методи за „Точка“.
Извор: Точка.мк
Comments
This post currently has no comments.