Агенцијата за филм ќе поддржи 23 фестивали и други филмски манифестации

На конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност – организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер, од вкупно 35 апликации избрани се 23 фестивали, односно манифестации што ќе бидат поддржани од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, соопшти Агенцијата.
Поддршка од Агенција за филм добија фестивалите: ИФФК „Браќа Манаки”, „Синедејс”, Интернационалниот филмски фестивал ОДА, Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ), Државниот филмски фестивал, „Златна рамка”, Џифони, Beach Film Festival, Камера 300, Киненова, Скопје Филм Фестивал, Македокс, Скопје Синема Сити, Галичник Филм Фестивал, Златно тркало, ЕХО ФЕСТИВАЛ на планински филм и други.
„Полека се враќаме на стариот начин на организирање на најголемите настани од филмската индустрија кај нас. Важно е да се врати жарот и кај организаторите, но и кај публиката која буквално е жедна за ваков тип на настани“, вели директорот на Агенција за филм, Бојан Лазаревски.
Comments
This post currently has no comments.