Бреговиќ: Бијело дугме за Тито свиреше само пет секунди

Фронтменот на веројатно најпопуларната југословенска рок група „Бијело дугме“, Горан Бреговиќ, во една прилика зборуваше околу политизацијата на музиката и опиша како изгледал настапот на „Бијело дугме“ пред претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито.
За време на постоењето на Југославија, бендот „Бијело дугме“ имал репутација дека е државен проект, односно дека е бенд кој наводно ќе „прикрива“ дека постои цензура и ќе служи како помало зло за општествениот поредок.
Осврнувајќи се на ваквите тврдења, Бреговиќ го опиша настапот на „дугме“ за Тито.
А тоа дека Бијело дугме беше државен проект? Се сеќавам кога нè поканија да свириме за Тито на Нова година. Некои од внуците на Тито пееле: „Tako ti je, mala moja, kad ljubi Bosanac“, па го донесоа бендот што ја пее таа песна затоа што сфатиле дека другар Тито сака да го слушне токму тоа.
– Но, како што Тито си ги покри ушите по пет секунди од нашата свирка, тие нè симнаа од бината по околу осум секунди. Така да како државен проект, свирев најмногу десет секунди, изјави Бреговиќ во интервју за „Nedeljnik“.
За истиот настан, своевремено има зборувано и Тереза Кесовија, која вели дека тие всушност не биле избркани, туку Тито бил тој што не можел да ги слуша, па ја напуштил просторијата во обид да си ги спаси ушите.
Comments
This post currently has no comments.