В среда почнува Оффест

Дваесет и првото издание на традиционалниот Офф-фест ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. На фестивалот годинава ќе има осум концертни настапи и еден документарен филм.
Офф-фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно состав Перија, како и маестралниот тандем на две наши исклучителни творечки фигури Добрила и Доријан дуо, со домашна концертна премиера на музичкото ремек-дело, албумот „Апокриф” (SJF Records).
Мајсторството во изведбата на африканската кора што ќе го сподели виртуозниот инструменталист Балаке Сисоко од Мали, во комбинација со рафинираниот пост-тропикализмичен и боса-нова звук на триото на бразилскиот гитарист, пејач, композитор и продуцент Лукас Сантана, создаваат услови за беспрекорно концертно доживување. Фасцинантниот електро-психоделичен музички огномет на колумбиските тропски велемајстори Лос пирањас е еднакво погоден за слушање и за танцување. жВеличенствената моќ и уникатната разновидност на италијанската пејачка ѕвезда Марија Мацота ќе ја пресретне волшебната интерпретација на националниот музички стил на Зелено’ртските острови (Кабо Верде), популарната „морна”, од страна на една од најреномираните уметници што го истражуваат и чуваат ова огромно музичко наследство – Ненси Виеира.
Офф-фест 2022 ќе го заклучи експлозивниот и фуриозен хајлајф фанк на многучлениот афробит колектив Сантрофи од Гана.
Во рамките на фестивалската програма ќе биде прикажан и документарниот филм “The Rumba Kings”, посветен на конгоанската румба.
Извор: МКД.мк
Comments
This post currently has no comments.