menu Home chevron_right
MakedonijaRadio Most-Радио МостНовости-Novosti

Дневен хороскоп за 7 април

Radio Most | April 7, 2022

Погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес!

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 7 април.

Овен
Овој ден е поволен за завршување на голем проект. Вашиот однос со партнерот добива на квалитет и денес ќе донесете некои заеднички планови. Незадоволството може да се претвори во форма на депресија.

Бик
Успех во деловната соработка ќе постигнат особено оние Бикови кои се занимаваат со услужни активности и комуникации. Зрачите со посебна привлечност, па денес ќе привлечете луѓе кои подоцна можат многу да ви значат. Ќе имате проблеми со белите дробови, внимавајте на вашето здравје.

Близнаци
Може да добиете одлична деловна понуда. Ви следува важен деловен разговор, а успехот ќе зависи од вашето ниво на самодоверба. Денес е идеален ден за разговор со партнерот. Заедно ќе донесете важна одлука за вашата иднина. Ќе имате намален имунитет, како последица на голем замор.

Рак
Денес, акцентот ќе ви биде ставен на изборот на вистинскиот тим на соработници. Денешниот успех целосно ќе зависи од вашиот тим. Патувајте заедно со партнерот и дополнително усогласете ја вашата врска. Ќе имате повремени вртоглавици.

Лав
Денеска ќе зрачите со посебна самодоверба, па ќе можете да започнете нова деловна активност. Слободните Лавови може да се најдат во дилема за новата личност што ја запознале. Најдобро е да чекате времето да ви покаже сè. Ќе имате проблеми со желудникот, консултирајте со гастроентеролог.

Девица
Ако сакате да промените нешто од корен, ова не е најдобриот момент за такво нешто. Денот ќе ви донесе неочекувани пречки на деловен план. Ќе обновите врска со личност од минатото и ќе бидете подготвени да ја продолжите љубовната приказна. Направете ја редовната контрола кај вашиот стоматолог.

Вага
Вагите кои водат приватен бизнис ќе постигнат посебен успех. Пред вас се отвора нова перспектива на соработка со деловни соработници од странство. Подготвени сте да му приредите убаво изненадување на партнерот, со што ќе ја зацврстите врската. Искористете го убавото време за прошетка на свеж воздух.

Скорпија
Денес комуникацијата ќе ви има прилично напнат тон. Ова може трајно да ги дестабилизира вашите деловни контакти. Постои личност во вашиот живот со која можете да започнете сериозна врска. Кога станува збор за здравјето, можеби ќе имате низок притисок и ќе се чувствувате уморни.

Стрелец
Вредни сте, одговорни и презадоволни од состојбата на работното место. Ве очекува прилив на пари со кој ќе уживате во чувството на финансиска сигурност. Пред вас е ново познанство кое брзо ќе прерасне во страсна врска. Здравјето ви е прилично добро.

Јарец
Имате многу планови и деловни идеи, но ова не е вистинско време за да ги реализирате вашите големи цели. Важно е да бидете целосно искрени и отворени со партнерот. Во спротивно, може да дојде до недоверба и љубомора. Ќе имате болка во вратот, како последица од лошо спиење.

Водолија
Ќе имате нестабилна ситуација на работа – премногу обврски и разни препреки можат да го одбележат овој ден. Вашата засилена нервоза ќе ви се одрази и во односот со партнерот. Ќе се соочите со депресија, меланхолија и слични состојби.

Риби
Вашата работна позиција е стабилна, а наскоро можеби ќе добиете и унапредување. Во последно време не сте задоволни од партнерот, па затоа обидете се отворено да зборувате за сѐ. Одвојте дел од денот за опуштање.

Written by Radio Most

Comments

This post currently has no comments.

Leave a Reply






This area can contain widgets, menus, shortcodes and custom content. You can manage it from the Customizer, in the Second layer section.

 

 

 

Newsletter

  • cover play_circle_filled

    RADIO MOST UŽIVO
    RADIO MOST-SVI SMO RAZLIČITI ALI DIJELIMO ISTE VRIJEDNOSTI

  • cover play_circle_filled

    RADIO MOST – MIX RADIO
    MIX RADIO MOST

  • cover play_circle_filled

    BLUES BRIDGE
    BLUES BRIDGE

play_arrow skip_previous skip_next volume_down
playlist_play