ИСТА ШАНСА – Проект за преквалификација и наоѓање работа од дома. Пријавете се!

Проектот за преквалификација е на чекор од реализирање.
Современата технологија е како вода и оган, добар послушник, но и лош господар на што сме сведоци и самите. Но, ајде да зборуваме за добрите страни на технологијата.
Секој од нас има барем еден пријател кој што ви кажува како својата работа ја врши преку мобилен телефон или лаптоп и притоа може солидно да живее од тоа или пак знаете некој кој од време на време знае да каже: „Ајде покажи ми како функционира ова да почнам и јас да заработувам така.“ И секако, пријателот никогаш нема време да ви објасни како и вие да станете дигитален номад.
Тоа е причината зошто ВИЕ сте на оваа страница и го читате овој текст. Тука сте за да не талкате по интернет и да ги пополните дупките во знаењето.
Здружението за промоција на дигиталната агенда и номади „Be Happy Work and Travel“ од Загреб го покрена проектот „Иста шанса“ кој на идните кандидати ќе им даде шанса да ја променат својата професија, да научат нешто ново и полека можеби да постанат и експерти во својата новоизбрана област доколку вложат труд во својата нова цел. Така е, 34 од вас што живеат во државите од западен Балкан, ќе бидат едуцирани и спремни да зачекорат во светот на дигиталните номади за време од 16 недели.
Сите зборуваат за дигитален маркетинг?
За терминот дигитален маркетинг слушате често од сите страни. Ви делува интересно, али ви се чини дека целиот тој свет е комплициран и дека има многу за учење и едноставно не сте сигурни каде да почнете. Тоа всушност и е магијата на дигиталниот маркетинг, таа област е Пандорина кутија што чека да ја отворите и да го изберете тоа што најмногу ви се допаѓа од големиот спектар од кој што е дел оваа област.
Кому е наменет проектот “Иста шанса“?
Постар сте од 18 години, доаѓате од Словенија, Хрватска, Србија, Унгарија, Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора или Северна Македонија, зборувате српски, креативни сте, сакате да пишувате, да фотографирате, дизајнирате, владеете со броеви или имате дарба за креирање добра реклама, а немате техничко знаење за тоа, ИСТА ШАНСА ќе ви помогне да се трансфомирате во контент креатор, аналитичар, копирајтер и добар водач на кампања кој огласот ќе го сфати како свој личен повик.
Преку низа работилници, предавања и курсеви кои ќе ги држат експерти од областа на дигитален маркетинг, e-mail маркетинг, креирање графичка и дигитална содржина за интернет платформи и друштвени мрежи итд. Целиот проект го реализираме во соработка со врвната светска маркетинг платформа HubSpot и нивната HubSpot Academy, како и со Google Analytics Academy.
Колку ова мене ќе ме чини?
Тоа што е најдобро и најважно, како учесник на проектот ИСТА ШАНСА добивате знаење и сертификат кој што идниот работодавец многу ќе го цени и да, тоа е потполно БЕСПЛАТНО, на вас останува само да се пријавите.
Како да се пријавам?
Пријавите се отворени до 20. март 2022. Со клик ТУКА пристапете кон формуларот за пријавување
По затворањето на пријавите и процесот на селекција на кандидатите, ќе бидете обавестени за понатамошниот тек на проектот и почетокот на преквалификациите за работа од дома.
Comments
This post currently has no comments.