Концерт „Теремин-вокс фантазија” во Филхармонија

Во Камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи концертот „Теремин-вокс фантазија”. Како солистка на теремин ќе настапи Ива Дамјановски, а настапуваат и Маријана Николовска – пијано и Татјана Петрушевска – обоа, Мартин Димитров и Марија Трајковска – виолина, Илза Бафтиари – виола и Паскал Краповски – виолончело.
На програмата се дела од Б. Мартину, К. Ајк и М. Јовановска.
Ива Дамјановски е дипломиран пијанист на Факултетот за музичка уметност при УКИМ. Моментално е студент на катедрата за Музикологија, на Универзитетот „Università di Trento”, како и на катедрата по Музичка интерпретација и композиција на Факултетот за музичка уметност при УКИМ – Скопје во класата на прoф. Марија Ѓошевска.
Добитник е на наградата на УКИМ за најдобро дипломиран студент на Факултетот за музичка уметност во учебната 2018/2019 година.
Во 2021 го реализира и својот солистички концертен проект „Аs we danced we gave substance to shadows”, на кој првпат настапува, покрај пијано програмата и со изведба на теремин. Добитник е на наградата „Игор Исаковски” за најдобар дебитантски поетски ракопис во 2017 г. за стихозбирката „Тие” (2017, Блесок), кој го добива своето второ и дополнето издание во 2019 г. (ПНВ Публикации).
Comments
This post currently has no comments.