menu Home chevron_right
MakedonijaPRODUKCIJA MOSTRadio Most-Радио МостНовости-Novosti

Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата

Radio Most | March 28, 2022

Денес во просториите на Министерството за надворешни работи на Република С. Македонија беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата, соопштуваат од македонското МНР.

Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена.

Written by Radio Most

Comments

This post currently has no comments.

Leave a Reply






This area can contain widgets, menus, shortcodes and custom content. You can manage it from the Customizer, in the Second layer section.

 

 

 

Newsletter

  • cover play_circle_filled

    RADIO MOST UŽIVO
    Радио Мост - сите сме различни, но делиме исти вредности

  • cover play_circle_filled

    RADIO MOST – MIX RADIO
    MIX RADIO MOST

  • play_circle_filled

    BLUES BRIDGE
    BLUES BRIDGE

play_arrow skip_previous skip_next volume_down
playlist_play