menu Home chevron_right
MakedonijaRadio Most-Радио МостНовости-Novosti

Ново издание на „Црвениот коњ“ од Ташко Георгиевски

Radio Most | April 12, 2022

Во едицијата Современа македонска проза „Матица македонска“ од Скопје објави ново издание на романот „Црвениот коњ“ од Ташко Георгиевски. Со реобјавувањето на ова дело, издавачот ја одбележува десетгодишнината од смртта на познатиот писател.

Ташко Георгиевски беше предводник на групата значајни македонски писатели Петар Ширилов, Паскал Гилевски, Иван Чаповски, Ката Мисиркова-Руменова, Петре Бицевски, Ристо Јачев, Ташко Саров, Методија Тошевски, Коле Мангов, Стојан Кочов, Петре Наковски и др. кои континуирано и егзалтирано пишуваат за грозоморниот терор врз невиното и незаштитено македонско население.

Како писател од голем формат Ташко Георгиевски создаде нов литературен топоним, градејќи во низа приказни за животот на прогонетите Македонци по поразот на демократските сили за време на Граѓанската војна во Грција. Неговите херои потекнуваат од народните низини и страдаат поради самата помисла дека се Македонци. Всушност, нив ги следи мракобесната сенка на злото од самото раѓање па сѐ до смртта. Многумина од нив се помируваат со судбината и очајнички потклекнуваат пред теророт. Тие се приклонуваат кон толпата, која по силата на законите го менува својот облик и идентитет. Но, кај повеќето херои чинот на опстојувањето е секогаш во одбрана на личното достоинство, а преку тоа достоинство се отсликува и националната гордост, констатира главниот уредник на изданието, Раде Силјан.

Ташко Георгиевски (Кронцелево, Егејска Македонија 1935–2012, Скопје) е автор на книгите: Ние зад насипот, Ѕидови, Луѓе и волци, Суви ветрови, Црно семе, Змиски ветар, Време на молчење, Куќа под калето, Рамна земја, Црвениот коњ, Жолтиот трендафил, Плочата на животот, Кајмакчалан и др. Според сценарија на неговите романи снимени се играните филмови Црно семе, Црвениот коњ и Преку езерото.

Неговите дела се преведени на француски, англиски, грчки, бугарски, српски, словенечки, романски, руски, ерменски и турски јазик. За неговиот богат творечки опус беше добитник на наградите: Кочо Рацин, 11 Октомври, 13 Ноември, Стале Попов, Рациново признание, Ванчо Николески и 23 Октомври.

Ташко Георгиевски беше член на Македонската академија на науките и уметностите.

Извор: МКД.мк

Written by Radio Most

Comments

This post currently has no comments.

Leave a Reply






This area can contain widgets, menus, shortcodes and custom content. You can manage it from the Customizer, in the Second layer section.

 

 

 

Newsletter

  • cover play_circle_filled

    RADIO MOST UŽIVO
    RADIO MOST-SVI SMO RAZLIČITI ALI DIJELIMO ISTE VRIJEDNOSTI

  • cover play_circle_filled

    RADIO MOST – MIX RADIO
    MIX RADIO MOST

  • cover play_circle_filled

    BLUES BRIDGE
    BLUES BRIDGE

play_arrow skip_previous skip_next volume_down
playlist_play