Општина Центар одбележува 70 години од раѓањето на Горан Стефановски

Општина Центар ќе одбележи 70 години од раѓањето на еден од најголемите македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски.
По тој повод, во 17:30 часот градоначалникот Горан Герасимовски, на „Боемска улица 2″ (спроти слаткарницата „Зафир”), ќе го претстави муралот на Горан Стефановски, исцртан на дел од фасадата на ООУ „Коле Неделковски” во Дебар Маало.
Потоа, во 18:00 часот, во паркчето спроти општинските бараки (кај спомен-обележјето на Горан Стефановски), ќе се изведе драмскиот перформанс Маалски драмски разговори, со кој и ќе заврши овогодинешното одбележување на роденденот на Горан Стефановски во Општина Центар.
Comments
This post currently has no comments.