СЕНЗАЦИЈА ВО ПАЛЕРМО: Македонија ја победи Италија, ќе може ли против Португалија за светско првенство?

Со голот на Александар Трајковски во последните минути од натпреварот, Македонија ја победи Италија во Палермо и ќе игра против Португалија, меч кој треба да и обезбеди пласман на Македонија на Светското првенство во Катар.
Македонија направи сензација среде Палермо, ја победи Италија на нејзин терен и дојде на само еден чекор до пласман на Светското првенство.
Александар Трајковски е херојот на репрезентацијата на Македонија, бидејќи со неговиот погодок во судиското продолжение го направивме овој историски успех.
Италијанците со сите напори се обидуваа да го решат натпреварот пред крајот на регуларниот дел, но во 92. минута следуваше шок. Трајковски постигна прекрасен гол од далечина и донесе голема, голема победа за Македонија.
Инаку, во финалето Македонија ќе игра против Португалија во Лисабон, која ја совлада Турција со 3-1.
Comments
This post currently has no comments.