4 дневна посета на Голубац од 29 април до 2 мај

Бисер Пром организира 4 дневна посета на Србија од 29.04.2022-02.05.2022 година, односно на градот Голубац.
Поаѓањето од Скопје (Дрводекор) ќе биде во 22:30 часот, односно 23:00 во Куманово (Макпетрол бензинска) и тоа би го опфатило првиот ден.
2 Ден Тумане – Голубац
Пристигнување во манастир Тумане во утринските часови. Пешачење до испосницата на Светиот Зосима, која се наоѓа на околу 1 км од манастирот, во старата и густа шума. Во карпата што доминира во целата област, има две пештери, поврзани со тесен премин. Во едната живеел, а во другата се молел преподобниот светител. Денес во молитвената ќелија на преподобниот направена е капела. Покрај пештерата има чудотворен извор, а зад него прекрасен шумски водопад.
Потоа враќање во манастирот, на поклонение на светите мошти, каде ќе се присуствува и на Светата Литургија. Разгледување на манастирот и околината. Во договорено време поаѓање за Голубац. Пристигнување во хотел Голубачки град. Сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање.
3 Ден Голубац – Ѓердапска Клисура – Голубац
Појадок. По појадокот поаѓање за Ѓердапска клисура и целодневен излет. Посета на хидроцентралата со локален водич и организирано крстарење по Дунав (факултатива). Во попладневните часови враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
4 Ден Голубац – Ниш – Скопје
Појадок. Поаѓање за Македонија со попатна посета на Ниш каде што има можност за ручек. (факултативно). Во договорено време, во пладневните часови поаѓање за Македонија, со попатни паузи. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Цената на ова патување изнесува 5.300 денари.
Во цената е вклучено:
-превоз со туристички автобус;
-сместување во хотел Голубачки Град на база 2 ноќевања со појадок и вечера(класично послужување);
-разглед на хидроцентралата со локален водич;
-организација и придружник на патувањето;
Во цената не е вклучено:
-патничко и здраствено осигурување;
-Крстарење по Дунав 15 евра;
-факултативен ручек во Ниш;
-влезници за локалитетите;
Comments
This post currently has no comments.