menu Home chevron_right
Radio Most-Радио МостНовости-Novosti

Дневен хороскоп за 11 мај

Radio Most | May 11, 2022

Погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 11 мај.

Овен
Обидете се да размислите за некои од работните места кои ви се нудат. Во вториот дел од денот, ќе ви пристигнат пари преку личност која е Јарец. Посветете се на себе и на семејството, никогаш не ставајте други луѓе пред себе. Ќе бидете наградени еден ден.

Бик
Имате голем план што треба да го остварите. Размислувате за работа која носи многу пари и која ви оди преку неколку соработници од вашата компанија. Ќе се запознаете со потенцијален партнер кој има професија која бара постојан ангажман. Тешко ви е да останете без него/неа, но таа личност не може без својата работа.

Близнаци
Добро комуницирате со колегите кои водат младешки живот, се разбирате, имате слични идеи. Вашиот партнер е некој без кој не можете да живеете. Чувствувате нестабилност доколку сте разделени или немате добра комуникација. Внимавајте да не настинете во наредните неколку дена.

Рак
Доколку имате долг, ќе бидете под притисок од банка или некоја странска компанија. Мора внимателно да се справите со тешкотиите кои ви претстојат. Вратете ја довербата на партнерот со убави зборови. Многу сте отуѓени поради вашата работа која одзема многу време. Одморете се повеќе, презафатени сте.

Лав
Треба да ја поправите комуникацијата со шефот каде што работите. Лавот знае да биде многу вреден, но и многу нервозен кога ќе почне да оди по својот пат. Тоа е причината поради која влегувате во конфликти. Имате прилично добар однос со партнерот. Тоа ве прави силни и стабилни, доволно за да држите сè под контрола.

Девица
Многу е важно да бидете упорни на работното место. Ова е одличен ден за пари, започнување бизнис или комуникација со Рак, Вага или Шкорпија. Девиците мора да си ја отворат душата, особено ако сте слободни. Вие сте добра личност и барате љубов покрај земјените и водените знаци.

Вага
Страдате и мора да го промените тимот. Не ви е лесно, мака мачите со соработници кои не се во ваш ранг. Бавни, без иницијатива. Вагата не го сака тоа. Мислите на личност која не е во вашата држава. За жал, комуникацијата на интернет е сѐ што можете да направите во моментов.

Скорпија
Се плашите од отежнување на работните обврски. Пред сѐ, треба да се опуштите и резултатите, дефинитивно, ќе дојдат. Кога станува збор за љубовта, полни сте со стравови. Имате чувство дека партнерот ве напушта, но обидете се да не влезете во депресивно расположение.

Стрелец
Ова е добар ден за соработка со личност во знакот на Рак кој има силни деловни врски во големи компании. Вие сте одличен тим и одлични пријатели кои можат многу да создадат заедно. Не сте расположени да се расправате со партнерот. Сепак, ќе ја оставите ситуацијата таква каква што е и ќе оставите работите да одат сами по себе.

Јарец
Ова е многу добар ден за финансии. Ќе земете плата, некој ќе ви ги врати парите што ви ги должи, а можеби ќе почнете да работите на ново работно место. Ако сте слободна жена Јарец, веројатно барате брачен партнер во моментов. Доколку сте во брак или во врска, тогаш ќе посакате да имате повеќе убави моменти со партнерот.

Водолија
Мора да бидете построги на работното место. Имате притисок од соработниците кои се неспособни сами да се организираат. Имате тешка комуникација со луѓе кои се лабилни. Денеска е добар ден за сите Водолии бидејќи ќе уживаат во љубовта. Одлично ќе функционирате со личности кои се во знакот на Стрелец, Девица или Рак.

Риби
Покажувате одлична енергија и посветувате големо внимание на работата која ја сакате. Ако сте во брак, мора да исполните барем дел од желбите на вашиот партнер. Доколку сте сами, тогаш познанство со Водолија ќе ви го промени животот. Се разбира, на подобро.

Written by Radio Most

Comments

This post currently has no comments.

Leave a Reply






This area can contain widgets, menus, shortcodes and custom content. You can manage it from the Customizer, in the Second layer section.

 

 

 

Newsletter

  • cover play_circle_filled

    RADIO MOST UŽIVO
    RADIO MOST-SVI SMO RAZLIČITI ALI DIJELIMO ISTE VRIJEDNOSTI

  • cover play_circle_filled

    RADIO MOST – MIX RADIO
    MIX RADIO MOST

  • cover play_circle_filled

    BLUES BRIDGE
    BLUES BRIDGE

play_arrow skip_previous skip_next volume_down
playlist_play