Македонија: Нова влада, нов премиер, нови министри

Во новата македонска влада на чело со премиерот Димитар Ковачевски има девет нови имиња, додека 11 беа дел од владата на Зоран Заев, во која Ковачевски беше заменик министер за финансии.
Македонското Собрание дозна синоќа ја избра новата влада на чело со Димитар Ковачевски, лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). За гласаа 62 пратеници од парламентарното мнозинство во Собранието, а против беа 46 пратеници на опозициските партии
Новата влада на Ковачевски, во која главни коалициски партнери и натаму се СДСМ и ДУИ, ќе ја наследи владата на Зоран Заев, кој во декември минатата година поднесе оставка.
Во владата на Димитар Ковачевски има девет нови имиња, додека 11 беа дел од владата на Зоран Заев, во која Ковачевски беше заменик министер за финансии. Коалицијата „Можеме“ на СДСМ има 11 министри, ДУИ на Али Ахмети шест и тројца од новиот коалициски партнер -Алтернатива на Африм Гаши.
Министри без ресор се поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битичи и поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ, а нови се Славица Грковска и Џемаил Чупи.
Ковачевски најави дека неговата влада ќе се посвети на економијата, енергетскиот развој и зголемувањето на вработеноста, и на напорите за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Тој додаде дека очекува опозицијата да биде конструктивна и да соработува со владејачката коалиција во интерес да се носат најдобри одлуки за државата и граѓаните.
Б.Ј.А, Агенције
Comments
This post currently has no comments.