Среќна вест од скопската ЗОО: После повеќе од 20 години се родија лавчиња

Од скопската ЗОО градина информираа дека после повеќе од 20 години се родија лавчиња, а за вработените, како што велат, ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошката градина Скопје.
„На Светскиот ден на среќата, со вас споделуваме една најсреќна вест- Во Скопје ЗОО после повеќе од 20 години се родија лавчиња, објави Зоолошката градина.
Мајката Бела која во Скопје дојде од Германија, грижливо ги чува своите мали бебиња, а таткото Чака, инаку, е дојден од Франција.
„Сите вработени се согласни дека ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошка градина Скопје. Внимаваме мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите услови во внатрешното живеалиште каде што моментално се под постојан надзор“, велат од ЗОО Скопје.
Посетителите ќе имаат можност да ги видат малите лавчиња кога тие ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште.
Извор: МКД.мк
Comments
This post currently has no comments.