menu Home chevron_right
MakedonijaНовости-Novosti

ПРОТЕСТИРААТ ИСТОРИЧАРИТЕ ОД БЕЛГРАД, ЗАГРЕБ И ОД ЉУБЉАНА: Стоп за бугарското наметнување на историски вистини

Radio Most | January 18, 2022

Создавањето на македонската нација не се разликува од начинот на кој се создадени сите други нации, а правото на самоопределување е основно човеково право, велат видни историчари и авторитети од Белград, Загреб и Љубљана.

„Наметнувањето „историски вистини“ е неприфатливо и опасно. Создавањето на македонската нација не се разликува од начинот на кој се создадени сите други нации, а правото на самоопределување е основно човеково право“.

Вака пишува во писмото од 18 ноември од група историчари од Србија, Босна, Хрватска, Словенија и Црна Гора, кои бараат од ЕУ да реагира на злоупотребите на историјата од страна на нејзина членка, јавува Песочник. Тие протестираат поради бугарското извитоперување на македонската историја со своите барања да се признае бугарски корен на јазикот и со своето тврдење дека македонската нација е создадена од Тито.

Во продолжение го пренесуваме писмото:

„Тргнувајќи од ставовите изразени во Декларацијата „Да ја одбраниме историјата“, ние, потписниците на ова писмо, изразуваме протест и осуда за овој случај на историски ревизионизам и злоупотреба на историјата за политички цели. Сметаме дека ваквиот пристап е опасен не само за историјата како хуманистичка дисциплина, туку и за демократијата и просперитетот на регионот, но исто така и на самата Европска Унија. Наметнувањето „историски вистини“ е неприфатливо и опасно. Создавањето на македонската нација не се разликува од начинот на кој се создадени сите други нации, а правото на самоопределување е основно човеково право.

 

Затоа бараме од историчарите во Северна Македонија и во Бугарија, но и во сите земји во регионот, да бидат професионални и да се спротивстават на злоупотребите на нивната дисциплина. Бараме од политичарите да водат одговорна политика, да не ги поддржуваат историчарите што разгоруваат националистички конфликти и да не вршат притисоци што доведуваат до фалсификување на минатото. Од европските институции и држави бараме да реагираат на злоупотребите на историјата, почитувајќи ги основните принципи на Европската Унија, кои деновиве на Балканот и во Европа се загрозени, како што се различноста, антифашизмот и демократијата. Европската Унија е создадена како лек против лошите искуства од минатото и затоа не смееме да дозволиме со искривување на историјата да се уништуваат принципите врз кои се темели идејата за обединета Европа.

Ние, потписниците на ова писмо, им даваме поддршка на интелектуалците и историчарите во Северна Македонија и Бугарија што отворено се спротивставуваат на политичките притисоци и се борат да ја заштитат својата професија и професионалните стандарди. Само солидарно можеме да ги надминеме сериозните пречки што стојат пред нас!“, се вели во писмото.

Потписници на иницијативата се следните видни историчари:

Проф. д-р Дубравка Стојановиќ, Универзитетот во Белград

Проф. д-р Хуснија Камберовиќ, Универзитетот во Сараево

Проф. д-р Твртко Јаковима, Универзитетот во Загреб

Проф. д-р Божо Репе, Универзитетот во Љубљана

Доц. д-р Аднан Прекиќ, Универзитетот на Црна Гора

Д-р Сњежана Корен, Универзитетот во Загреб

Д-р Миливој Бешлин, Универзитетот во Белград

Проф. д-р Дамир Агичиќ, Универзитетот во Загреб

Доц. д-р Бранимир Јанковиќ, Универзитетот во Загреб

Проф. д-р Момир Самарџиќ, Универзитетот во Нови Сад

Д-р Олга Манојловиќ Пинтар, Институтот за поновата историја на Србија, Белград

Проф. д-р Хрвоје Класиќ, Универзитетот во Загреб

Проф. д-р Радина Вучетиќ, Универзитетот во Белград

Д-р Срѓан Милошевиќ, историчар, Белград

Д-р Александар Р. Милетиќ, историчар, Институт за поновата историја на Србија, Центар за историски студии и дијалог, Белград

Вељко Станиќ, историчар, Белград

Петар Жарковиќ, историчар, Белград

 

Written by Radio Most

Comments

This post currently has no comments.

Leave a Reply





This area can contain widgets, menus, shortcodes and custom content. You can manage it from the Customizer, in the Second layer section.

 

 

 

Newsletter

  • cover play_circle_filled

    RADIO MOST UŽIVO
    Радио Мост - сите сме различни, но делиме исти вредности

  • cover play_circle_filled

    RADIO MOST – MIX RADIO
    MIX RADIO MOST

  • play_circle_filled

    BLUES BRIDGE
    BLUES BRIDGE

play_arrow skip_previous skip_next volume_down
playlist_play