menu Home chevron_right
MakedonijaPRODUKCIJA MOSTRadio Most-Радио МостНовости-Novosti

Тома Фила: Ако можеше дедо ми да е градоначалник на Скопје, зошто јас да не сум на Белград

Radio Most | March 28, 2022

Еден од најпознатите Македонци во Србија, адвокатот Тома Фила, на претстојните избори на сите нивоа во Србија е кандидиран од Социјалистичката партија (СПС) на Ивица Дачиќ за градоначалник на Белград.

Фила е член на партиското претседатество на СПС. Тој инаку досега беше пратеник на оваа партија во српското Собрание и деновиве ја води предизборната кампања, во која, меѓу другото, кажува дека Македонците во Белград ќе имаат единствена можност да имаат градоначалник Македонец, со македонско државјанство.

МИА во Белград разговараше со Тома Фила за мотивите за кандидатурата, за Белград и Македонците, за прогнозите на изборите во Србија и односите меѓу Србија и Северна Македонија.

„Мојот дедо беше градоначалник на Скопје. Тој го направи паркот по урнек на француските паркови, со вештачки езера по кои можеше да се весла со кајчиња, ја направи и Зоолошката градина. Тој беше градоначалник на Скопје од 1923 до 1926 година, и јас си кажав, па ако можеше дедо ми да биде градоначалник на Скопје, зошто не би можел јас да бидам градоначалник на Белград. Се надевам со помош на Македонците што живеат во Белград, кои ќе имаат единствена можност да имаат градоначалник Македонец!“, вели Фила.

Written by Radio Most

Comments

This post currently has no comments.

Leave a Reply





This area can contain widgets, menus, shortcodes and custom content. You can manage it from the Customizer, in the Second layer section.

 

 

 

Newsletter

  • cover play_circle_filled

    RADIO MOST UŽIVO
    Радио Мост - сите сме различни, но делиме исти вредности

  • cover play_circle_filled

    RADIO MOST – MIX RADIO
    MIX RADIO MOST

  • play_circle_filled

    BLUES BRIDGE
    BLUES BRIDGE

play_arrow skip_previous skip_next volume_down
playlist_play