menu Home chevron_right
MakedonijaPRODUKCIJA MOSTRadio Most-Радио МостНовости-Novosti

Дневен хороскоп за 28 март

Radio Most | March 28, 2022

Погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 28 март.

Овен
Нестабилната финансиска ситуација може да ви ги наруши плановите. Успешно ќе го решите проблемот на тимско ниво. Овните кои се во врска денес ќе бидат на работ на радикална одлука. Постои дури и можност за раскинување. Зголемен стрес.

Бик
Пократко службено патување ќе помине во знакот на успехот. Успешната соработка може да ви донесе значителни финансиски придобивки. Запознавањето со многу привлечна личност може да ги разниша вашите чувства. Проблеми со грлото.

Близнаци
Деловен состанок може да ви донесе напнатост и конфликтни ставови со претпоставените. Можеби ќе се најдете пред радикални одлуки. Голема е можноста да влезете во тајна врска со личност која ја познавате преку работата. Движете се повеќе.

Рак
Денес акцентот ви е целосно ставен на финансиите. Вашите мудри деловни потези ќе ги покажат првите позитивни резултати. Во семејството може да се појават конфликтни ставови и видувања за важни егзистенцијални прашања. Можна е жестока расправија. Тешкотии со дишењето.

Лав
И покрај тешкиот договор со уште потешкиот и понефлексибилен деловен соработник, успешно ќе дојдете до решение. Одлична финансиска состојба. Слободните Лавови ги чека многу возбудлива љубовна авантура со шармантна личност во знакот Вага. Проблеми со синусите.

Девица
Одлична финансиска состојба. Доколку се занимавате со креативна работа, ве очекува популарност. Девиците кои се во брак денес може да имаат конфликт со партнерот. Станува збор за незадоволството кое долго се таложи во врската. Нервоза.

Вага
Невработените Ваги денес ги очекуваат многу важно интервју за работа. Ова е одлична деловна понуда. Финансиската состојба е стабилна. Зголемената ментална чувствителност ќе ве направи ранливи. Можни се конфликти со партнерот денес. Опуштете се, веќе некое време сте во грч.

Скорпија
Планетарните аспекти ја забавуваат реализацијата на вашиот деловен план. Денес е важно да се почитуваат и следат приоритетите. Слободните Скорпии денеска ги очекува средба со многу атрактивна личност преку работата. Можна е љубов на прв поглед. Обрнете внимание на тежината, намалете ги оброците.

Стрелец
Успешна соработка со компанија од странство. Ве очекува голема финансиска добивка. Слободните Стрелеци го очекува љубовна врска со фатално привлечна Водолија. Бурна љубовна авантура. Стрелците кои денес се во врска можат да организираат заедничко патување. Болка во рамото.

Јарец
Ве очекува клучен деловен состанок кој може да влијае на долгорочните планови. Успешниот договор може да ви донесе огромен финансиски напредок. Се очекува слободните Јарци на кратко патување да запознаат многу интересна личност. Слаба циркулација.

Водолија
Планетарните аспекти укажуваат на голем број пречки во преговорите. Може да дојде до застој во финансиите. Слободните Водолии денес може да запознаат многу интересен Овен. Слаба циркулација.

Риба
Денес можете да го проширите кругот на деловни соработници. Сепак, тоа со себе носи посебен предизвик, а проблемот можете да го решите со ангажирање на целиот тим. Пред вас е романтична вечер со партнерот. Рибите кои се во врска овој ден можат да го поминат на убаво патување со партнерот. Проблеми со вените.

Written by Radio Most

Comments

This post currently has no comments.

Leave a Reply






This area can contain widgets, menus, shortcodes and custom content. You can manage it from the Customizer, in the Second layer section.

 

 

 

Newsletter

  • cover play_circle_filled

    RADIO MOST UŽIVO
    RADIO MOST-SVI SMO RAZLIČITI ALI DIJELIMO ISTE VRIJEDNOSTI

  • cover play_circle_filled

    RADIO MOST – MIX RADIO
    MIX RADIO MOST

  • cover play_circle_filled

    BLUES BRIDGE
    BLUES BRIDGE

play_arrow skip_previous skip_next volume_down
playlist_play