Донација од „Мастербет ДООЕЛ Скопје“ за Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“
„Како општествено одговорни компании, во рамки на нашите можности секогаш се трудиме преку нашите донаторски активности да одговориме на потребите на заедницата. Затоа ја поддржавме оваа иницијатива која помага на најранливите категории во заедницата“
13 Јануари, 2022
Донацијата се состои од кујнски прибор и електрични апарати за домаќинство, кои раководството на Домот ги акцентираше како нужност.
„Како општествено одговорни компании, во рамки на нашите можности секогаш се трудиме преку нашите донаторски активности да одговориме на потребите на заедницата. Затоа ја поддржавме оваа иницијатива која помага на најранливите категории во заедницата“, велат од компанијата.
Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија е дел од голем број на хуманитарни активности. Во екот на првиот бран на пандемијата со „Ковид-19“, Хотелот „Фламинго“ во Гевгелија беше отстапен на државата за карантин, беше донирана медицинска опрема и болнички кревети во износ од 200 илјади евра, вработените учествуваа во масовна крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.
ПР објава
Comments
This post currently has no comments.