menu Home chevron_right
Radio Most-Радио МостНовости-Novosti

Дневен хороскоп за 12 мај

Radio Most | May 12, 2022

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 12 мај.

Погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Започнување нов бизнис или ново работно место може да го одбележи овој дем. Предизвикот на непознатото е пред вас. Денеска внимателно бирајте ги зборовите, бидејќи постои голема можност да не бидете сфатени како што треба. Главоболка.

Бик

Проблематичен соработник може да ви создаде негативен набој на работа. Ќе почнете да размислувате да прекинете секаква комуникација со него. Најверојатно ќе започнете врска со личност од друг град или од странство. Ќе имате воспаление на крајниците.

Близнаци

Повеќекратните деловни состаноци можат целосно да ве исцрпат денес. Сепак, успешно ќе склучите нов деловен договор. Се чувствувате уморни од партнерот, а емотивно најмалку ја поднесувате рутината. Размислувате како да ја вратите старата ревност во врската. Главоболка.

Рак

Работите на воспоставување совршена организација за вашиот иден бизнис. Клучот за успехот е да соберете квалитетни луѓе околу себе. Несогласувањата со членовите на семејството може да прераснат во поголем конфликт. Некои од вас ќе мора да направат отстапки. Ќе чувствувате значителна болка во задниот дел на главата, задолжително одете на лекар.

Лав

Овој ден ќе биде одбележан со проширување на кругот на соработници, а ве почекува посебен успех доколку се занимавате со градежништво, образование или трговија. Овој ден содржи атмосфера на судбинска средба и љубов на прв поглед. Може да запознаете потенцијален партнер преку пријател. Болка во коленото.

Девица

Поволните аспекти во вашиот знак ќе ви донесат можност. Ова е вистинско време да ги постигнете вашите највисоки цели. Слободните Девици можат да запознаат многу привлечна личност на некои пократки патувања. Страдате од алергии.

Вага

Невработената Вага може да добие многу атрактивна деловна понуда. Сепак, бидете внимателни бидејќи постои можност да добиете лажни ветувања. Различните ставови меѓу вас и вашиот партнер можат да придонесат за трајно разладување во нашиот однос. Ќе имате проблем со крвниот притисок.

Скорпија

Лошата комуникација може да доведе до застој во преговорите или блокада при извршување на работните задачи. Негативните аспекти во вашиот знак внесуваат негативен набој помеѓу вас и вашиот партнер. Можни се љубоморни сцени. Ќе имате проблеми со усната шуплина, можна е појава на кандида.

Стрелец

Деловните состаноци и кратки патувања ќе бидат доминантни меѓу Стрелците. Многу е важно да го направите првиот чекор во реализација на вашиот деловен план. Ќе имате љубовна авантура на кратко патување со личност која е малку необична и ексцентрична. Болка во коленото.

Јарец

Воведувањето нови деловни методи се столбот на овој ден. Ќе направите голем чекор напред во кариерата. Направете го првиот чекор кон освојување на личност која ви се допаѓа долго време. Ќе видите – ризикот ќе се исплати. Слаба циркулација.

Водолија

Вашиот ентузијазам и оптимизам се едноставно заразни. Внесувате позитивна атмосфера во работната средина и колегите ве препознаваат како значајна поддршка. Водолиите кои се слободни денес можат да запознаат интересна личност преку пријатели или колеги на работа. Нервоза.

Риба

Денес Рибите очекуваат успех на полето на информатичката технологија. Невработените Риби можат да најдат добра работа преку интернет. Рибите кои денес се во врска може да бидат изненадени од љубоморни сцени од партнерот. Слаб имунитет.

Written by Radio Most

Comments

This post currently has no comments.

Leave a Reply






This area can contain widgets, menus, shortcodes and custom content. You can manage it from the Customizer, in the Second layer section.

 

 

 

Newsletter

  • cover play_circle_filled

    RADIO MOST UŽIVO
    RADIO MOST-SVI SMO RAZLIČITI ALI DIJELIMO ISTE VRIJEDNOSTI

  • cover play_circle_filled

    RADIO MOST – MIX RADIO
    MIX RADIO MOST

  • cover play_circle_filled

    BLUES BRIDGE
    BLUES BRIDGE

play_arrow skip_previous skip_next volume_down
playlist_play